Осум професии за кои ретко се вработуваат жени

popara17 јуни, 20111min02
9194

Иако машкиот и женскиот пол денес се порамноправни отколку во историјата, се чини дека еднаквоста на професионално поле сеуште не е постигната. Без оглед на образованието и способностите, жените скоро никогаш не се вработуваат за одредени професии. Погледнете меѓу кои професии тешко дека може да се најде жена.

Шеф на кујна

Додека на жените често им припаѓаат улогите на помошни готвачки или хигиеничарки во кујните, скоро ниту еден ресторан нема женска особа на местото шеф на кујна.

Режисер

Меѓу режисерите на холивудските филмски хитови се наоаѓаат мал број жени. Кетрин Бигло и Софија Копола, режисерки кои ја имаат освоено престижната филмска награда “Оскар“, докажуваат дека и припадничките на понежниот пол знаат да направат добар филм.

Вратар
Првата жена, врата во Њујорк била вработена пред 20 години, а оттогаш до денес не е направен чекор напред. Обично мажите се задолжени да ги испраќаат гостите до своите автомобили и да им ги отвораат вратите.

Пожарникар

И покрај фактот дека жените се способни да се занимаваат со оваа професија, меѓу пожарникарите не може да се најдат многу од нив. Најчестата причина за тоа е физичката неподготвеност.

Фудбалер

Иако постојат женски фудбалски клубови, најчесто не им се обрнува големо внимание. Мажите најчесто одат на нивните натпревари за да гледаат жени во дресови и да навиваат да се случи тепачка.

Главен дизајнер во автомобилска компанија

Ниту една жена никогаш не била на оваа позиција.

Генерален секретар на Обединетите нации

До сега на местото генерален секретар на Обединетите нации биле девет мажи, но ниту една жена.

Магионичар

Улогата на главен магионичар главно е резервирана за мажите, додека на жените им припаѓа улогата на нивни помошнички.

2 comments

  • Zoro

    21 јуни, 2011 at 15:39

    Nikoj ne veli deka treba da bide 50 / 50, no ne moze sega zenite da gi stavime vo rudnik da rabotat, malklu respect prema zenite, sto bi pravele bez niv, neka bidat odmoreni za da ni gotvot doma i da ni se posvet malku poveke, znaes vo koja smisla.

    Reply

  • Alek

    18 јуни, 2011 at 16:34

    Abe… Sho se ovie feministicki finti? Mazite i zenite se razlicni i imaat razlicni interesi.

    Koj rece deka treba sve da bide 50/50 u site sferi na zivotot? Site naucni istrazuvanja pokazuvaat deka zenite ne ni sakaat, nitu probuvaat da vlezat vo ovie sferi.

    93% od site povredi i smrt na rabotno mesto se mazi, bidejki mazite se podgvoteni da rabotat porizicni i ponisko-statusni rabotni mesta samo za da zarabotat pari. Zenite megjutoa, preferiraat bezbednost i fleksibilnost.

    Vo drzavniot sektor zenite vodat, kako i vo obrazovanieto, kako i vo medicinata, kako i vo psihologijata. Zasho ne velime deka “seuste nemame ednakvost postignato” za toa sho nema mazi vo lesnite i fleksibilni profesii? Ministerstvata i adminstracijata se recisi celosno zeni.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag