Отидов на Косово со цел да ги прехранам своите деца

19 август, 20110
PROSTITUTES31sla.jpg

Исповед на српска проститутка

– Отидов со цел да го прехранам семејството. Ми ветија дека ќе работам како хостеса во еден ноќен клуб. Само што пристигнав, на брутален начин ми ги одземаа моите документи и ме принудија на проституција. Ме тепаа, ме врзуваа, ме снимаа со мобилен телефон, а потоа ми “објаснија“ дека доколку не работам како што тие сакаат, сето ова ќе го покажат на моето семејство. Од тој пекол нема излез – низ солзи раскажува триесет и две годишната З. С. од Крушевац, кој работи како проститутка во еден ноќен клуб меѓу Приштина и Косовска Митровица.

Кога од Приштина ќе тргнете кон Косовска Митровица, на околу 15 километри, на излезот од шумата од десната страна на патот се наоѓа летен ноќен клуб. Внатре – гласна музика, пригушени светла, неколку маси, дрвен бар, голема гужва.

Овој клуб е добро познат по проститутките кои работат, а како што се зборува во Приштина, газдите плаќаат огромни износи на локалната полиција “со цел да им дозволи да работат“.

Веднаш под приземјето на клубот е сместена во една мала соба – четири метри квадратни во која има простор само за кревет и за неколку полици. Србинката З. С. седи на каучот и почнува да се соблекува, без да изусти збор. Дури по објаснувањето дека сакам само да разговарам со неа, ја започна својата приказна.

– Овие луѓе не се наивни. Тие се сите до еден криминалци од Албанија. Тие не држат затворени, а никој не може ништо да им направи. Ги оставив своите две деца и сопругот мислејќи дека овде ќе заработам малку пари. Потоа тие ме принуди да го “работам“ ова. Единствен контакт со моето семејство претставува ковертот со пари што им го испраќам секој месец. Не ми дозволуваат ниту да им се јавам, само да слушнам дека се добри, само гласот да им го слушнам. Неколку пати се обидов да се убијам, но сепак се надевам дека еден ден целиот овој пекол ќе заврши, дека ќе излезам “на слобода“, дека ќе можам да си ги гушнам децата и да живеам нормално – раскажува низ солзи З. С.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi