Откачена мајка ги оставила децата во автомобил, и отишла да пие во бар до 4 часот сабајле

popara28 август, 20111min00
alkohol-1

Кејла МекНотон(21) од Манчестер, ги оставила своите два сина на возраст од 8 месеци и 3 години во отклучен автомобил и отишла во блискиот бар да пие со пријателите се до4 часот по полноќ, пишува “Дејли мејл”.

Случаен минувач ги забележал децата како доцна во ноќта седат сами без придружба во отклучен автомобил, кој мирисал на валкани пелени и повраќаници и веднаш повикал полиција која ја пречекала мајката како се влече во алкохолизирана состојба.

Кејла првично тврдела дека била отсутна само неколку минути, но подоцна признaла дека била во блискиот бар и дека пиела со пријателите. Таа била обвинета за занемарување и негрижа која можела да предизвика непотребно страдање кај децата.

Судијата кој ја сослушал Кејла, одлучил случајот да го проследи до кралскиот суд во Манчестер, истакнувајќи дека обвинетиот треба да биде построго казнет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma