Откриен досега непознат вирус во Кина, убил 36 лица
17 март, 20110
![chinese-flag-640](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/03/chinese-flag-640-610x269.jpg)
Досега непознат вирус бил откриен во Кина, а од него починале 36 лица, јави руската новинска агенција Итар-Тасс, пренесува Нетпрес.
Вирусот предизвикува треска и потоа го нарушува функционирањето на внатрешните органи. Досега се регистрирани 171 случај на заболени од овој вирус. Сите пациенти имале висока температура, намалување на тромбоцитите и леукоцитите во крвта.
Досега вирусот предизвикал смрт кај најмалку 36 заболени, во шест кинески провинции.
Извор: Нетпрес