Откриена нова бактерија отпорна на антибиотици

popara12 јули, 20111min00
1730_0hi-thumb-610x335-40635
Пронајден е нов вид на бактерија што предизвикува гонореја и што е отпорна на постоечките антибиотици, тврдат докторите. Имајќи во предвид дека станува збор за една од најраспространетите сексуално преносливи болести, полседиците би можеле да бидат фатални.
Шведските и јапонските научници идентификувале нова варијанта на бактеријата на Неисериа ХО41, што е отпорна дури и на антибиотиците од групата цефалоспорин.
Како што наведува “Лос Анџелес тајмс“, научниците ја изолирале бактеријата од брис од грло на проститутка во Јапонија.
“Ова е вознемирувачко откритие, кое, меѓутоа можеше да се предвиди. Антибиотиците уште од 40-те години се користат како стандардна терапија против гонорејата и со текот на времето бактеријата развила неверојатна способност да создава одбранбени механизми против сите лекови“, вели доктор Магнус Унемо од Шведската лабораторија.
Нучниците идентификувале четири нови генетски мутации, кои овозможиле бактеријата да развие отпорност.
“Што е уште полошо, таа има способност да ја пренесе својата отпорност на другите бактерии, зголемувајќи ја нивната отпорност за 500 пати“, пишува весникот.
Како што наведува Унемо, за сега се уште не може да се каже дали бактеријата се шири, но истакнува дека веројатно тоа ќе се случи наскоро доколку не биде развиена нова терапија.
Извештајот за  новата бактерија е претставен во неделата на самитот на Меѓународното друштво за сексуално преносливи болести во Квебек.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag