Мермерна статуа на Херкул, полубог од грчката и римската митологија, која потекнува од 2 век пред нашата ера, неодамна била откриена во Израел, објавил во вторникот претставниик од канцеларијата за антиквитети во Израел. “Статуа од бел мермер, висока половина метар, со изразена уметничка убавина, вистинска реткост бидејќи материјалот од која е изработена не постои во Израел”, ова го изјавил за државното радио во Израел ,Валид Атраш, пренесува Бета.
“Скулптурата без глава” најверојатно датира од 2 век пред нашата ера, и е најдена на локалитетот Хорват Тарбернет во близина на Афула, каде има остатоци на римски бањи”. Атраш додал дека бистата после реставрација ќе биде претставена на јавноста.