За прв пат во повеќе од 4500 години, човековото око ја виде внатрешноста на тајната соба која се наоѓа во утробата на Големата пирамида во Гиза.
Роботот кој успеа да влезе во тесниот пролаз до собата долг 63 метри, на дното откри мистериозни симболи за кои никој од научниците нам претстава што значат. Патот до кралската соба која се наоѓа на дното од 146 метри високата пирамида, е многу комплициран, па не е ни чудо што до сега никој не успела да го помине.
Споредденешните сознанија Големата пирамида ја изградил египетскиот фараон Куфу, или познат по грчкото име Кеопс. Составена е до 2.3 милиони блокови од гранит и варовник.
Освен непознатите симболи кои не личат на вообичаените хиероглифи, пронајдени се и необични парчиња метал, кои се чини дека се забиени во големиот блок и ја штити собата. За сега не се пронајдени никакви артефакти.