Рѓосаните шајки се добро сочувани, изјавил археологот Simcha Jacobovici. Но, сепак официјалните претставници од израелското археолошки институции, изјавиле дека шајките не се од тој крст. Археологот со израелско канадско потекло, Simcha Jacobovici тврди дека пронајдените шајки биле стари 2000 години и се користеле за распнување на Исус на крстот. Тие биле пронајдени во пештерата Аrmon Hanatziv, во близина на Ерусалим. Експертите пак тврдат дека шајките може да датираат од петнаесетиот век, и дека нема прецизни докази дека тие се од времето на Исус. Сепак археологот изјавил дека ќе продолжи со истражување и ќе пронајде докази дека тие шајки потекнуваат токму од Исусовиот крст.