Отстрането името на Мубарак од сите јавни места и институции

21 април, 20110
m
Египетскиот суд денес донесе одлука името на симнатиот претседател Хосни Мубарак и неговата сопруга Сузан да биде отстрането од сите јавни места и институции, пишува Танјуг, пренесува НетПрес.
Одлуката на судот се однесува на стотина, а може и на илјадници училишта, улици, плоштади, подземни железници и библиотеки ширум Египет, што го носеле името на Мубарак или пак на неговата сопруга Сузан.
Египетското обвинителство минатата недела донесе одлука Мубарак и неговите двајца синови да бидат задржани во притвор затоа што се наоѓаат под истрага заради обвинение за корупција и отворање оган кон демонстрантите.
Мубарак се наоѓа во притвор во болница во Шарм ел Шеик, каде се наоѓа на лечење бидејќи доживеа срцев удар за време на испрашување во судот.
После повеќе неделните протести во земјата, на 11 февруари, по три децении владеење Мубарак се повлече од власта.
Повеќе од 800 луѓе се убиени, а неколку илјади се повредени во текот на демонстрациите во Египет.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *