Ова е феномен… Франческо Лентини, човек со три нозе?!

popara28 декември, 20111min00
1

Франческо Лентини е роден во 1889 год. како 12 дете од неговата фамилија. Интересен е фактот дека е роден со три нозе, два пара генитали и рудиментирано стапало од коленото на својата трета нога. Значи вкупно тој имал 3 нозе, 4 стапала, 16 прсти на ногата, и се разбира два функционални пара на гениталии кои сите тие делови постоеле на неговиот близнак од десната страна на неговото тело. Родителите одбивале да го признаат како нивен син, тој бил препуштен на неговата тетка да го одгледа, но на крајот го предале на дом за деца со посебни потреби. Како дете Лентини ги мразел неговите дополнителни делови додека престојувал во домот. Таму се сретнал со деца кои биле глуви, слепи и неми. Со тек на времето научил да оди, да скија и да скока на јаже. Упорноста се исплатила со неговата одлука да замине од Италија на неполни 8 години во Америка каде учествувал во споредни настани познат како Големиот Лентини,приклучувајќи се на циркускиот акт на браќата Ринглинг. Во младоста, Лентини ја користел неговата трета нога во фудбалски вештини, познат како Триногниот фудбалер. Додека неговата дополнителна нога е неколку сантиметри пократка од другите,и примарните нозе имале различна должина што му отежнувало да најде идеален пар на панталони. Тој се оженил со Тереза  Муреј и имале четири здрави деца. Френк Лентинии починал во Џексонвил, Флорида на 22 Септември 1966.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *