Ова е наследникот на Осама Бин Ладен

Ал – Каеда соопшти дека Ајман ал – Завахири ќе го наследи убиениот Осама бин Ладен на лидерската позиција на организацијата, јавува “Дневник“, пренесува Нетпрес.
“Генералната команда на Ал Каеда го објавува, по извршените консултации, именувањето на Ајман ал – Завахири на чело на организацијата“, стои во соопштението.
Египќанецот ал – Завахири досега беше на “второ“ место во Ал Каеда и десна рака на Осама Бин Ладен кој во мај беше убиен во Пакистан од припадниците на американските специјални сили.
Завахири долги години е една од клучните фигури на Ал Каеда, а по професија е доктор, пишува книги и поранешен шеф е на милитантната организација Египетски исламски Џихад.
Зборува арапски, француски и англиски јазик, а за терорист го сметаат поголемиот број на земји, вклучувајќи ги и САД.
Извор: Нетпрес