Владата на Јужноафриканската република објавила неколку снимки од сообраќајни несреќи во рамките на кампањата со која сакаат да ја подигнат свеста на населението за потребата од поголема безбедност во сообраќајот.
Колку е алармантна оваа ситуација во оваа земја, говори фактот дека секој ден на патиштата загинуваат 43 луѓе, поради што Владата апелира до возачите да ставаат сигурносни појаси, да не користат мобилни телефони, да не пијат алкохол, да ги почитуваат сообраќајните знаци и да не возат брзо.
Во рамките на оваа кампања биле објавени неколку видеа, меѓу кои и две сообраќајни несреќи кои се случиле на исто место во ист ден.
httpv://www.youtube.com/watch?v=7b4ffyFOo_I
httpv://www.youtube.com/watch?v=756qHYtpZIo
httpv://www.youtube.com/watch?v=Ll9yyi0wl8g
httpv://www.youtube.com/watch?v=1BRpyknK6lU
httpv://www.youtube.com/watch?v=UXQZJU9dzGo
httpv://www.youtube.com/watch?v=f7NljLDUgvU