Ова требаше порано да го направат. Семејството Вајнхаус гради центар за рехабилитација.

1 август, 20110
586922,h=425,pd=1,w=620

Таткото на починатата пејачка, Мич Вајнхаус, треба деновиве да се сретне со британските политичари и да разговара за градење на Центар за рехабилитација во кој ќе се лекуваат младите луѓе зависни од дрога и алкохол, јавува АП.
Тој треба да разговара со министерот за борба против криминал Џејмс Брокеншир и лабуристот Кит Ваз.
Третманите за лечење на зависност од дроги често ги нудат локалните здравствени организации и скапите приватни клиники. Службениците кои работат во ваквите центри за рехабилитација тврдат дека за многу зависници често се прават листи на чекање во локалните институции и не може веднаш да се третираат.
Вајнхаус, која со години се борела со зависноста од дрога и алкохол, била пронајдена мртва во негјзиниот стан во Лондон на 23 јули оваа година. Резултатите од токсиколошките тестови со кои треба да се утврди причината за смртта ќе бидат објавени во текот на овој месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma