Паднал врз вентил за воздух и се подул како балон

popara26 мај, 20111min00
stiven-mekormak

Камијонџијата Стивен Мекормак (48) за малку ќе загинал во бизарна несреќа, кога со задниот дел од бутот паднал врз вентил за воздух и почнал да се дува како балон. Моментално тој се наоѓа во болница вон животна опасност.
Тај раскажува дека за момент застанал на плочата помеѓу кабината и приколката од камионот, и ненадејно се лизнал и паднал со задниот дел од бутот на боца со компримиран воздух што го користат сопирачките на камионот, воздухот под притисок почналда го исполнува неговото тело како балон.

“Кога се случи тоа можев да гледам само со едното око и почуствував како воздух влегува во моето тело со голема брзина, за среќа тука беа моите колеги кои го извадија вентилот со воздух од мојата нога, изјавил Стивен.
Тој веднаш бил одведен во болница каде лекарите му поставиле цевка во белите дробови за да можат да му го извлечат целиот воздух од него. Тој се уште има воздух во него, но лекарите му рекле дека тој постепено по природен пат ќе го напушти телото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma