Пакистан воведе трет пол

9 мај, 20110
01

Со одлуката на Врховниот суд на Пакистан, хидџра популацијата која не се изразуваат ни како мажи, ни жени, ќе може да добијат лична карта. Припадниците на хидџра популацијата се транвестите, трансексуалцим кои со години се маргинализирани, оставени сами на себе и често се занимаваат со нелегални работи и активности, со цел да преживеат. Издавањето на идентификација на луѓето им е потребно за гласање, но и во други социјални ситуации. Кога некое лице нема лична карта при влезот во интернет кафе, на пример, тоа нема ни право да ги користи улугите и лесно се изолирани во заедницата во која живеат. Во Индија, лицата треба да наведат и кој пол се при гласањето, но и за учество во анкети.

Транвеститите имале тешкотии да се вклучат во заедницата и да се изјаснуваат за важни општествени проблеми, бидејќи биле исклучени поради неможноста да се изјаснат со друг пол. Хидџрите живеат главно во средини кои личат на матријахат, под водство на еден гуру, на кого заработените пари му ги даваат за храна и сместување.

Покрај хидџрите, постојат и момчиња Паки (Pakhi), кои се облекуваат во женска гардероба за да добијат доволно внимание и пари, но не поради сексуалноста.

Сега на властите останува да одлучат дали ќе се разликуваат хидџрите, проститутки и лица кои така се изјаснуваат, а се занимаваат исклучиво со забава, односно улична забава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *