Неколку факти за себе, кои сигурно не сте ги знаеле

9 мај, 20110
Silhouette_3

Човечкото тело е чуден механизам, а човечкото однесување сеуште енигма и по многуте проучувања. Ви откриваме неколку чудни работи кои сигурно до сега не сте ги слушнале.

Кожата се состои од четири бои. Секоја кожа без разлика од која раса е кремасто бела боја. Но, под површината на кожата се наоѓаат крвните садови кои и даваат румена нијанса. Жолтиот пигмент на кожата се јавува како боја на сликарско платно. На крајот, меланинот кој е во тон на сепија, создаден како реакција на ултравиолетово зрачење, се појавува во голема количина на црна боја. Овие четири нијанси се мешаат, и во различни делови од светот секоја боја има различен интензитет. Од тоа зависи каква е бојата на кожата.

Светот се смее со вас. Научно е докажано дека исто како што прозевањето е заразно, и смеењето го има истиот ефект.

Растот на мозокот имал дејство на големината на вилицата. Научниците ја откриле поврзаноста на големината на мозокот и вилицата. Како човечкиот мозок се развивал, така се намалувала човековата вилица. Сега таа останала мала со густо нанижани заби.

Јадеме за нашиот мозок. Иако тој чини само 2% од нашата вкупна телесна тежина, мозокот зема 20% од кислородот и калориите кои ги внесуваме.

Во пубертет се менува структурата на мозокот. Знаеме дека хормоснките промени во организмот се потребни за да се овозможи развој на телото и негово припремање за репродукција. Но зошто пубертетот е толку емоционално непријатен? Хормоните, како тестостеронот, влијаат на развојот на невроните во мозокот и како резултат на промени во мозочната структура доведуваат до промени во однесувањето.

Коските пукаат за да се нахрани телото со миенрали. Освен како потпора на телото, коските помагаат во регулирање на калциумот. Коските содржат фосфор и калциум, кои се потребени на мускулите и нервите. Доколку вашето тело не е снабдено со овие минерали, некои одредени  хормони ќе предизвикаат кршење на коските, како би се постигнала потребниот екстрацелуларниот калциум.

Положбата на телото делува на помнењето. Доколку не може да се сетите на некој детал или датум, тогаш клекнете, а потоа одржете рамнотежа во таа положба но на едното колено. Сеќавањата се отелотворени во нашите сетила. Освен мирисот, вкусот и положбата може да не врати во минатото.

Желудникот лачи корозивна киселина. Постои само една опасна течност која може да ги доведе во опасност вработените во аеродоромите, но за среќа таа течност е во нивната утроба. Стомачните клетки лачат хлороводородна кислина, корозивно соединение кое се употребува во процесот на производство за тешки метали. Таа може да уништо метал, но за среќа стомакот ја чува на сигурно во дигестивниот систем.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi