Парче торта од венчавката на принцезата Дајана се продава на аукција

16 јуни, 20110
torta_ilustracija copy

Оваа недела на аукција во Лондон покрај масло на платно од Џоан Миро и порцелански сет на Пикасо, се нашол и еден необичен предмет. Се работи за парче торта од венчавката на принцезата Дајана и принцот Чарлс во 1981 година.

Парчето торта било поклон за гостите кои присуствувале на оваа свадба, а го направил познат слаткар од Лондон. На свадбата се поделени околу илјада парчиња торта, а ова на аукцијата се нуди за 500 фунти почетна цена. “Тортата е сеуште во нормална состојба поради тоа што е направена од овошје и ораси, без чоколадо”, изјавил Иан Шапиро, споственик на тортата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi