ЦИА гради тајна воена база

16 јуни, 20110
CIA-1-TD05NWOOSL-1024x768
Подготвувајќи се за расплет на ситуацијата во Јемен, Соединетите Американски Држави градат тајна воздушна база за Централната разузнавачка агенција (ЦИА) во регионот на Персискиот залив, од каде што цел би им биле терористи од редовите на Ал Каеда, јавува “Асошиејтед прес“.
САД, се одлучиле за овој чекор, подготвувајќи се за, како што наведува ЦИА, “најцрното сценарио“ според кое антиамериканските струи би ја презеле власта во Јемен и би ги протерале американските војници од таа земја.
“АП“ наведува дека Белата куќа веќе го зголеми бројот на разузнавачи на ЦИА во Јемен, предвидувајќи ја оваа можност и го забрза рокот за градење на база, од две години на рок од осум месеци.
Официјален Вашингтон не ја потврди одлуката за изградба на база на ЦИА во тој регион, ниту, пак, дека активностите на агенцијата во Јемен се проширени.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi