
Старлетата Парис Хилтон изгледа ги следи стапките на својата пријателка Линѕи Лохан. Сега и таа е овинета за кражба на накит вреден 60.000 долари.
Станува збор за накит кој таа го позајмила од една продавница за скапоцен накит. Но, пред една и пол година, кога нејзиниот дом беше провален, токму тој накит бил украден. Полицијата по извесен период го пронашла украдениот накит, по што и го вратила на Парис. Но, таа не го вратила онаму од каде што го позајмила.
Таа треба да се појави на судот, каде е овинета за кражба како и за прекршување на договорот, според кој требало накитот да го чува во сеф кога не го носи, а таа го оставила во орманот кога крадците провалиле при што многу лесно дошле до него.