Парис Хилтон вчера во Њујорк направи промоција на нејзиниот нов ТВ проект, реалното шоу “Oxygen”. Таа изјави дека со нетрпение го чека стартот на шоуто кое треба да започне со емитување на 1 јуни оваа година.
На промоцијата таа се претстави како кралица, со свилена наметка седејќи на кралски стол со четворица атлетски градени момчиња.
На својот профил на твитер, таа со денови пишува дека е возбудена што повторно ќе се врати на телевизиските екрани.