Барселона го пречекува Шахтјор, шампионски судир во Лондон

6 април, 20110
111

Натпреварите помеѓу Барселона и Шахтјор односно Челзи и Манчестер Јунајтед, во рамките од 1/4-финалето во Лигата на Шампионите, ќе се одиграат во среда со почеток од 20:45 часот.

Каталонците важат за прв фаворит за освојување на трофеите па се очекува против украинскиот шампион тоа и да го потврдат. Тимот од Доњецк нема да загуби ама баш ништо, па се очекува отоврен и интересен натпревар. Барселона е ослабена со неиграњето на Пујол и Абидал, додека Меси иако ровит ќе биде во тимот. Дефанзивецот Чигрински е единствената недоумица во тимот на Шахтјор, но истакнува дека ќе даде се од себе да заигра против поранешниот клуб во кој не доби вистинска шанса.

На “Стемфорд Бриџ” ќе се судрат актуелниот и по се судејќи идниот шампион на Англија. Мотиви има на претек на двете страни и нема сомнеж дека се ќе бласка во овој дуел. Двата тима се во добра форма и прогнозите се навистина неблагодарни. Домаќинот и овој пат речиси сигурно ќе биде без повредените Бенајун и Алекс, додека во Јунајтед не можат да сметаат на Фердинанд, О’Шеј, Рафаел и Браун.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi