Парис Хилтон најодвратна личност во САД!!! Од љубомора или?:)))

27 август, 20110
paris hilton

Според едно неодамнешно истражување, Парис Хилтон се најде на самиот врв на листата на најомразени познати личности во САД.

Богатата наследничка и старлета успеала да ги “потисне” двајцата познати скандалозни личности – Чарли Шин и Бритни Спирс.

Ако постои листи каде што ѕвездите не сакаат да го видат своето име, ова е токму таа, која за агенцијата Ројтерс, врз основа на анкети, ја составува Институтот за истражување на јавно мислење – ИПСОС.

Својот негативен глас, повеќе од 60% од испитаниците го дале на Прис Хилтон, која е на прво место, додека второто место овој пат го завзема Чарли Шин со 52% од гласовите.

Третата позиција ја делата ѕвездите од американската музичка сцена – поп пејачката Бритни Спирс и раперот Кени Вест за кој гласале 45% од испитаниците. Следат двајцата познати прељубници – поранешниот гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер со 44% и познатиот Тајгер Вудс 42%.

Ѕвездата Ким Кардашијан го завзема седмото место со 38% од гласовите, пред Мел Гибсон со 33% и Доналд Трамп со 31%, додека кошаркарот Леброн Џејмс со своите 29% се наоѓа на последното место од оваа листа на топ 10 најомразени личности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma