Патните правци Струмица – Валандово и Раброво – Дојран времено затворени

Патниот правец Струмица – Валандово поради изведување работи на пат, ќе биде заторен за сообраќај во периодот од 10 до 12.30 часот и од 13.30 до 16 часот, информира АМСМ.
На патниот правец Раброво – Дојран ќе се изведуваат градежни работи од 14 часот, поради што сообраќајот за сите возила ќе се пренасочува по локални патишта.
Сообраќајот на другите магистрални и регионални патни правци низ државата, се одвива без забрани по претежно суви и чисти коловози.
На возачите им се препорачува внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Крајна внимателност, прилагодена брзина и одржување на потребното растојание помеѓу возилата се препорачува низ клисурите и планинските превои каде поради повремени врнежи од дожд се бележи појава на поситни одрони.
Ова особено се однесува за патните правци: Катланово – Велес, Демир Капија – Удово и Гостивар – Маврово – Дебар – Струга.
Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.
Извор: Нетпрес