Пoл ди Реста – Ф1 возач, и актуелен DTM шампион

popara29 август, 20111min00
0

Пол ди Реста e роден на 16 април 1986 година во Ливингстон, Шкотска. Toj е британски возач на Formula 1 со потекло од Шкотска, во моментов се натпреварува за тимот на Force India Mercedes, и воедно е актуелен DTM шампион.

Пoл ди Реста доаѓа од фамилија со значително тркачко минато. Неговите роднини се Дарио Франчити – шампион во Indy Car и Indy 500, и возачот на спортски автомобили Марино Франчити.

Тој започнал со картинг во 1994 година, пред да премине во Formula Renault во 2003-та година, а потоа и во F3 евро-сериите истата година. Тој ја освоил европската F3 круна по неговиот втор обид во 2006-та, победувајќи пред неговиот клубски колега Себастијан Фетел. Но, додека Фетел возел во Formula 1, Ди Реста возел во германскиот шампионат во спортски автомобили. За време на шампионатот во 2007-та година тој ги зајакнал своите врски со Mercedes и импресионирал со победа возејќи автомобил стар две години. Со тоа тој го заслужил местото во топ тимот во 2008-та година, и ја завршил сезоната со четири поени позади шампионот од Audi – Тимо Шнајдер.

Во 2009-та година Ди Реста паднал на третата позиција во генералниот пласман, но упорноста на Ди Реста се исплатела и тој се здобил со позиција – тест возач во Formula 1 за тимот на Mercedes кон крајот од 2009-та година. Ди Реста во 2010-та, станал трет возач во тимот Mercedes и возел за тимот во текот на тренинзите. Тоа го усогласил и со освојувањето на титулата во германскиот DTM шампионат.

На почетокот на 2011-та година Ди Реста бил унапреден во тимот на Force India Mercedes како замена за Витантонио Лиуци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma