Пенелопе се породи
25 јануари, 20110
![GLOBOS DE ORO](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/01/penelope-cruz-si-javier-bardem-610x269.jpg)
Како што е соопштено од страна на шпанскиот весник “Ел Паис”, актерката Пенелопе Круз, вчера во болницата Сидарс Синај во Лос Анџелес, се породи. Триесетишест годишната убавица и нејзиниот маж, Хавиер Бардем, за сега, успеваат да го чуваат доверливо полот на бебето. Пенелопе Круз и Хавиер Бардем максимално се трудат да го задржат својот приватен живот од погледот на јавноста. Нивната врска започна во средината на 2007 година, и тие се венчале во тајна церемонија на Карибите во јули минатата година.