Американската компанија за производство на безалкохолни пијалоци “Пепси”, за почетокот на 2012 год спрема ново шише. Имено се работи за “зелено шише” кое ќе биде направено од коноп, кора и листови од четинари и ќе може да се рециклира во целост. Во иднина за производството на шишето може да бидат употребени и кората од портокал, компир и лушпа од овес. Шишето ќе биде на изглед исто како и претходно пластично, но ќе биде направено од стотојки кои може да се рециклираат, а со тоа ќе се направи нешто за да не се загадува животната средина.
До сега “Кока Кола” има направено “билно шише”, кое сега за сега е застапено околу 30% во пакувањето на овој пијалок, а се прават напори за во иднина овој процент да се зголеми многу повеќе.