Периодичниот систем проширен со два ултратешки елементи

8 јуни, 20110
pt
Меѓународниот комитет составен од хемичари и физичари официјално во периодичниот ситем воведоа два нови елементи – ултратешки елементи означени со броевите 114 и 116.
Ова се до сега најтешки елементи во периодичниот систем, чија исклучително голема атомска маса изнесува 289 и 292 единици. До сега најтешки елементи беа коперникум (285) и рендгениум (272).
Двата нови елементи се радиоактивни и постојат помалку од една секунда пред повторно да се распаднат на полесни атоми. Елементот 116 брзо се распаѓа во елементот 114, додека овој со емитување на алфа честички се претвора во нешто полесен коперникум.
Доказите за постоење на двата нови елементи се собирани со години.
По откривање на елементот 116 во 2000 година, следеа децении на нови експерименти, за конечно на први јуни овие два елементи да добијат официјален статус од Меѓународната унија за чиста и применета хемија и Меѓународната унија за чиста и применета физика.
Според бројките со кои се означени новите елементи имаат привремени имиња – унуквадиум и унухексиум, но сеуште не е одлучено кои ќе им бидат конечните називи.
Истражувачите од Институтот за нуклеарни истражувања Дубна во Русија предложиле елементот 114 да се вика флеровиум, по советскиот пронаоѓач на елементот Георги Флиоров и московиум за елементот 116 по руската престолнина.
Пред Комитетот се изнесени и аргументи за востановување на постоење на елементи 113, 115 и 118 и заклучено е дека резултатите се охрабрувачки, но сеуште во целост не ги исполнуваат критериумите за да бидат прогласени за нови елементи.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi