Продолжете ги нозете со помош на здолништа и чевли

8 јуни, 20110
puffy-skirt

Доколку не сте природно надарени со долги тенки нозе, можеби не би било лошо да дознаете некои трикови кои можат визуелно да ги продолжат вашите нозе.

Црно со црно

Црна сукња и црни чевли може визуелно вашите нозе да ги направи многу подолги, за разлика од било која друга комбинација, особено ако додадете темни хулахопки.

Цветно и црно

Ако веќе сте одлучиле да свртите внимание на колковите, не морате и на нозете. Здолниште од цветен материјал изгледа најдобро во комбинација со црни чизми и чорапи иста боја што ќе го извлечат здолништето во прв план.

Со преклоп и полна пета

Ако носите здолништа на преклоп, размислете да ја искомбинирате со чевли со висока платформа. Избегнувајте сандали со многу ременчиња околу глуждот или ако баш сакате ременчиња нека бидат со неутрална нијанса кој се вклопува со бојата на кожата.

Здолништа за на плажа и апостолки

За на плажа избегнувајте класични мокасинки ако сакате нозете да ви изгледаат подолги. Мокасинките поради хоризонтално поставените ленти можеда направат зглобовите да ви изгледаат пошироки, а нозете подебели. Затоа подобро носете апостолки.

Висок струк и чевли од соништата

Здолништата со висок струк ја издолжуваат фигурата, па немора да се плашите дека некој модел на чевли визуелно ќе ви ги скрати нозете.

Боја на кожа со боја на кожа

“Црно со црно” е повеќе зимска комбинација, а ова лето хит се сандали и здолништа со боја на кожа кои гарантираат колоритски континуитет на долниот дел од телото и со самото тоа даваат тенка фигура и одличен изглед.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi