Мајката Минту го прифатила мајмунчето сираче, иако таа е куче. Мајката дури и го дои мајмунчето и совршено се грижи за него. Ова необично семејство ги изненадило селаните во Бишвантпур, 300 километри североисточно од Дака.
Мајката Минту неодамна родила седум кученца па веројатно мајчинскиот инстинкт и проработел кога го видела напуштеното мајмунче.
Младото мајмунче сега го дои Минту заедно со нејзините седум кученца, сите заедно спијат, а мајката силно лае кога некој ќе се приближи до нив.