Песните на колумбиската поп пејачка Шакира се забранети на стадионот на ФК Реал Мадрид, “Сантијаго Бернаб“ за да не ги иритира фановите на фудбалскиот клуб.
Хитовите на Шакира претходно често пати биле пуштани на натпреварите на Реал Мадрид, но според шпанските медиуми, нејзините песни повеќе не се пожелни на стадионот.
Причината за ваквата постапка е љубовната врска на Шакира и фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, оти било оценето дека нејзината музика би можела да ги иритира фановите на Реал.
Шакира на својот “твитер“ профил неодамна објавила фотографија со Пике, под која напишала: “ви го претставувам моето сонце“.
Извор: Нетпрес