Снежната насмевка е симбол на убавина, здравје и успех. Ќе ви откриеме како да го постигнете ова. Експертите се сигурни дека следните неколку чекори во текстот што следува ќе ги направат вашите заби блескави и здрави.
Устата треба редовно да се плакне со течност за уста и редовно да се употребува конец за чистење заби.
Треба да се прдржуваме кон правилниот начин на миење на забите. Задолжително се чисти и предната и задна страна од забите со движење од гингивите па кон врвот на забот.
Да избегнуваме воспаленија во усната шуплина. Според многу истражувања зелениот чај ја одржува гингивата здрава па затоа се препорачува секојдневна консумација на зелениот чај без подсладител.
Да ја подобриме структурата на глеќта. Има специјални кремови за заби и разтвори за уста со нано-хидроксилапатит. Се употребуваат два пати дневно.
Да ги избелиме забите во домашни услови кое може да се направи со пасти со фини микрочестици или пак со активен кислород како и калциев пероксид.