Петмина осудени поради кражба на слика на Ван Гог

22 април, 20110
vangoghmissing

Египетскиот суд денеска осуди петорица, вклучувајќи го и бившиот шеф на канцеларијата за ликовни уметности, н а затворска казна, поради кражба на сликата на холандскиот уметник Винсент Ван Гог, вредна 55 милиони долари. Сликата позната како “Вазна со цвеќе“ која беше украдена во август минатата година од музејот “Mohamed Mahmud Halil” во кои се изложени вредни колекции од уметноста од 19 и 20 век. Тогашниот министер за култура и шеф на канцеларијата за ликовни уметности Мохсеин Шалан, осуден е на година дена затворска казна и работа во заедницата, додека четворица чувари во музејот се осудени на шест месечна казна затвор. Египетската агенција MENA објавила дека петмината се осудени поради овозможување на кражба на делото и не кажувајќи детали околу тоа. Сликата до ден денеска не е пронајдена. Полициската истрага веднаш по кражбата утврдила дека мерките за безбедност биле исклучително слаби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi