Актерот Милан Калениќ, најавува серија која ќе биде работена согласно со мотивите на “Pevaj brate”. Воедно познатиот актер и водител го спрема продолжението на оваа претстава со истата постава.
Поуларната претстава „Pevaj brate“ ја гледаа оклу 120.000 луѓе, а актерскиот тандем Милан Калениќ, Милан Васиќ и Андрија Милошевиќ се подготвуваат за продолжение на претставата.
Во подготовка е продолжението на претставата, ќе играме како и во претходната претстава сите тројца и ќе биде феноменално, изјавува Калениќ.
Музиката дефинитивно ќе биде главна тема и во новата претстава, ќе вметнеме и актуелни настани, но не во голема мера, бидејќи нормално немаме простор за тоа, додава актерот.