Автомобилот, Пежо 504, старо 34 години е продаден на аукција за неверојатни 2,5 милиони долари. Оваа цена е поради тоа што токму овој автомобил го користел иранскиот претседател додека бил студент. Парите од аукцијата ќе бидат наменети за изградба на станови за сиромашните. Во нормални услови овој автомобил би чинел не повеќе од илјада долари. Но, на аукцијата е продаден за многу повеќе од тоа, бидејќи негов корисник бил претседателот кој народот го обожува токму поради неговата скромност. Тој живее во куќа стара 40 години, што не е случај со неговите колеги.