Пијан судија на натпревар делел црвени картони! :)

25 октомври, 20110
001

Судија со 1.94 промили алкохол во крвта, судел на фудбалски натпревар и делел црвени каротни.

Чешкиот судија Томаш Фидра морал да работи на својот роденден. Бил толку многу пијан што постојано се сопнувал на теренот, се тетеравел и на крај паднал. Потоа од нигде никаде, на тројца играчи им поделил црвени картони.

„Имаше ужасен мирис и воопшто не се трудеше да го сокрие фактот дека си го славел роденденот“, изјавил шефот на клубот Jestrab Lhota, на кого судијата без причина му исклучил тројца играчи од теренот.

Домаќините од клубот Tynec-nad-Labem, поради ферплеј не ги напаѓале гостите кои добиле црвени картони, туку само стоеле на теренот и чекале судијата да свирне за крај.

Натпреварот завршил 1-1.

„Не сакавме да го прекинеме натпреварот, бидејќи мислевме дека ќе добиеме казна“, објасниле од гостинскиот тим.

Судијата едвај стоеше на нозе. Постојано се сопнуваше по теренот, а полицијата морала да интервенира по натпреварт. Славеникот имал 1,94 промили алкохол во крвта и му се заканува 12 месечна суспензија.

Локалниот регионален сојуз го поништил натпреварот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi