Пијана Англичанка го фатила стјуардот за препони!!! Е сега и спремаат 10 години “ќорка”
30 октомври, 20110

Англичанката Кетрин Голдберг неодамна направила вистинска гужва во текот на авионскиот лет од Јоханесбург до Лондон. Откако испила половина литар виски, девојката почнала да му се додворува на стјуардот, а кога тој покажал рамнодушност, таа го фатила за препоните и го присилила да имаат секс.
Голдберг во судот се изјаснила дека е виновна за напад и патување во пијана состојба, а со оглед на тоа што нејзиното однесување е класифицирано како сексуален напад, таа би можела да добие десет години затвор.
“Едно е да се опиете во авионот, и да заспиете, а грчењето малку да им смета на патниците. Но тоа што го направи обвинетата е нешто сосема друго. Тоа е сериозна работа”, изјавил судијата.