Пикасо за 22 милиони долари

22 јуни, 20110
slikanaslovnapikaso

Сликата од познатиот шпански сликар Пабло Пикасо која на Универзитетот во Сиднеј му ја подарил анонимен американски донатор, била продадена на аукција во Лондон за 13,5 милиони фунти или 22 милиони долари, соопштиле официјалните лица од Универзитетот во Сиденј.

Австралискиот универзитет сликата “заспаната девојка“ од 1935 година, ја добил на подарок минатата година, под услов дека доколку се продаде парите ќе се искористат за финансирање научни истражувања.

Претставник од универзитетот Мајкл Спенс изјавил за АР дека парите од аукцијата ќе одат за истражувања за дебелината, дијабетисот и кардиоваскуларните болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *