Питон илегалец во автобус во Панчево :)

popara4 август, 20111min00
piton-pancevo

Бурмански питон, долг два метри бил пронајден во торба на автобуската станица во Панчево, Србија. Торбата со змија требала да отпатува за Херцег Нови.

Контролорите на авто-транспортната компанија непријатно биле изненадени кога го виделе дека торбата што ја ставиле во багажникот почнала да се движи. Поточно, еден човек дошол и го замолил шоферот да ја пренесе торбата до Херцег Нови. Кога ја отвориле торбата биле навистина изненадени од големиот питон.

„Не настана голема паника на станицата, бидејќи малку луѓе забележаа дека во торбата има два метри долг питон“, изјавило официјално лице од транспортната компанија.

Полицијата сопственикот на питонот го пронашла во Црна Гора, каде требал да ја дочека змијата, а бил уапсен и човекот кој ја оставил торбата во автобусот.

Питонот потоа бил сместен во зоолошката градина во Белград.

Инаку, бурманскиот питон од 1 јуни оваа година е ставен на меѓународната листа CITES за строго заштитени диви видови, што значи дека оваа змија во последните два месеци можела да се набави само преку илегални патишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag