Планетата “КРАЛИЦА НА ТЕМНИНАТА”,конечно го запозна човештвото!

15 август, 20110
planeta

Иако самите не светат, планетите имаат таква моќ на одбивање на светлината, која ги осветлува најблиските ѕвезди. Околу 750 светлосни години од Земјата забележана е планета чија моќ на одржување на светлината е буквално помала и од јаглен.

Планетата TrES-2b е буквално потемна од јаглен.Големината на Јупитер и орбитата околу своите ѕвезди е на далечина од само пет милиони километри, па најверојатно има температура од некои 1.200 степени Целзиусеви.

На планетава е толку топло што не може да се одражат рефлективни облаци какви веќе гледаме во нашиот соларен состав, но тоа не ја објаснува причината зошто е таму толку темно.

Името TrES-2b, го добила според првите астрономи кои ја имаат забележано,Транс-Антлантик Ексопланет Сурвеј, уште во 2006 година.Се наоѓа на околу 750 светлосни години околу Земјата, во костелацијата Драко.

Оваа година, го изучуваа со помош на вселенскиот телескоп Кеплер, чија цел е да ја согледа оддалеченоста на планетата со помош на посебно осетливо мерење на сверлината, додека овие раздалечени светови поминуваат пред своите ѕвезди. Проучувајќи ги податоците собрани преку телескопот Кеплер, Дејвид Кипинг, од Центарот за астрофизика на Универзитетот Харвард и Дејвид Спигел од Универзитетот Принстон, изучуваа колку светлина доаѓа од правецот TrES-2b  за време на ноќта и денот. Разликата помеѓу количината светлина која планетата ја рефлектира од својата ноќна т.е. дневна страна се нарекува албедо.

Пример, Јупитеровиот албедо изнесува 52 %, додека Земјата има албедо од некои 37%. Но, TrES-2b рефлектира помалку од 1% светлина која доаѓа од неговите ѕвезди.

“Неговиот албедо е потемен од оној кој има акрилно црна боја или јаглен- тоа е чудно,” вели д-р Кипинг.

За слабата рефлекција одговорна е чудна хемија

Д-р Кипинг и Д-р Спигел сметаат дека тоа не е причина само тоа што планетата не рефлектира светлина, туку мора да има нешто на неа што апсорбира светлина.

“Хемикалиите како што се плиновиот натриј оксид и титан имаат вакво делување. Можно е и овие хемиски споеви да се наоѓаат во изобилие, но поверојатно изгледа е, одвивањето на некои за нас сосема непознати хемиски процеси, нешто што сеуште не сме го виделе”, вели д-р Киппинг.

На крајот од септември ќе пристигнат нови податоци собрани со помош на телескопот Кеплер па експертите се надеваат дека ќе дојдат до некое конкретно објаснување за веќе соочениот феномен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *