Музичката дива Бијонсе, по две години пауза повторно се враќа на сцената со нов албум. За Бијонсе ова е четврти студиски албум. Албумот најверојатно ќе биде пуштен во продажба во јуни. Името на албумот сеуште не е откриено, како ни за тоа какви песни има, колку ќе ги има на број…
Во една изјава која таа ја дала минатата година најави дека на следниот албум ќе отпее песни кои ќе бидат и во поп рок и во R&B стилот.
Како автори на песните се најавени Ne-Yo, The Dream, Diplo, Rodney Darkchild Jerkins.