Некогашниот ракометар од репрезентацијата на Југославија, Исток Пуц, почина во својата 46-та година во Флорида од тешка болест.
Овој ракометар, со селекцијата на Југославија ја освои бронзената медаља на Олимписките игри во Сеул 1988 година. Осум години подоцна, ја предводеше репрезентацијата на Хрватска до златото на Олимписките игри во Атланта, а четри години подоцна на Игрите во Сиднеј, беше член на селекцијата на Словенија.
Пуц за време на неговата кариера играше за тимовите на Целје, Борец од Бања Лука, Загреб. Овој ракометар со екипата на Загреб освои и Лига на шампиони.
httpv://www.youtube.com/watch?v=8Y4uLI-adxk
httpv://www.youtube.com/watch?v=9mKu_miJihg