Лаура Зискин, позната холивудска продуцентка, која го донесе Спајдермен(филмот за американскиот суперхерој), на големиот екран, починала после долгогодишна борба со рак на дојката. Ракот и бил дојагностициран во 2004 година. Таа починала во неделата во својот дом на 61 годишна возраст.
Еден од филмовите на коишто таа работела е мегапопуларната романтична комедија “Убава жена” со Џулија Робертс и Ричард Гир во главна улога и бруталната драма “Фајт клаб”, во која глумат Бред Пит и Едвард Нортон.
Покрај овие филмови, Зискин го продуцирала преносот на доделување на награди “Оскар” и била директор на компанијата “Fox”, а ќе остане запаметена како прва жена која самостално го продуцирала најпознатиот настан Оскари.
Меѓутоа, најдобро позната е по трите декжла на Спајдермен. Трилогија од која заработила 2,5 милијарди долари и се стекна со популарност низ целиот свет.
Заскин кариерата ја започнала како личен асистент, а со снимање на играни филмови во средината на 80-тите години.