Почина српската актерка Оливера Марковиќ

popara2 јули, 20111min01
omarkovic-1964-prednja
Дивата на српското актерство Оливера Марковиќ денеска почина во Белград на 87-годишна возраст по долго и тешко боледување.
Препознатливата актерка е родена во Белград на трети мај 1925 година. Љубовта кон театарот ја покажувала уште во најраното детство, а првиот филм “Во планините на Југославија“ го снимила во 1945 година.
Како член на Народниот театар во Белград во 1967 година, оствари повеќе од 30 значајни улоги. Во пензија заминува во 1989 година, а последната премиера на матичната сцена ја одигра во 1998 година.
Наградата на Народниот театар ја доби двапати, за улогата Мајка Храброст (1972) и Клара (1978). Највисокото признание кое го доделува Националниот театар, Плакета, го доби во 1988 година.
Марковиќ има глумено во 63 филмови, меѓу кои се “Воз без возен ред“, “Козара“, “Пат околу светот“, “Сибирската лејди Магбет“, “Национална класа“, “Мајстори, мајстори“, “Мојот татко на одредено време“, “Балкан експрес“, “Веќе видено“, “Браќа по мајка“, “Собирен центар“, “Урнебесна трагедија“и многу други.
Меѓу филмските награди се истакнуваат Сребрена и две Златни арени на Филмскиот фестивал во Пула и „Славица“ за целосниот придонес во развојот на филмската уметност.
Марковиќ снимала и за телевизија и тоа 13 драми, 26 серии и повеќе шоу програми, а остварила и 50-тина улоги во радио-драми.
Пошироката публика ја памети како одлична, по многумина и најдобра, пејачка на руски романси и шлагери.
Извор: Нетпресс

One comment

  • Tea

    2 јули, 2011 at 16:40

    Pozoricte u kuci :((((

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag