Под Амазон, на длабочина од 4 км тече најголемата река во светот! Неверојатно откритие!!!

27 август, 20110
amazona_420076S1

Бразилските научници откриле знаци на постоење на голема подземена река што тече под реката Амазон.
Валиa Хамза од Бразилската Национална опсерваторија вели дека постојат индикации дека подземната река е долга речиси 6000 километри и се наоѓа на длабочина од 4.000 метри под површината.

Научниците ја откриле реката при проучувањето на температурна разлика во 241 неактивни извори на нафта кои биле бушени во 70-тите и 80-тите години на минатиот век.
Хамза, изјавил дека информациите за температурата му овозможиле на неговиот тим научници да го откријат точниот тек на реката под Амазон. Се проценува дека подземниот тек на реката, која има слична контура како Амазон, е со 3.000 кубни метри во секунда. Тоа е само три отсто од реката Амазон која извира во Перуанската џунгла и се влива во Атлантскиот Океан и се смета за најдолга река во светот, со должина од 6800 километри.

Сепак, научниците веруваат дека оваа река е најголема подземна река во светот.

Со меѓусебен договор подземата река е именувана во Хамза, во чест на индискиот научник Валиa Хамза кој полни 40 години ја истражува оваа област во Амазон.

Истражувањето на реката ќе продолжи, и се претпоставува дека кон крајот на 2014 година, ќе имаат силни докази за постоење на подземната река.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma