Погребот денес, а нејзиниот живот низ фотографии на попара.мк-веднаш!

26 јули, 20110
naslovna amy

Изненадната смрт на британската пејачка, позната по мешавината од музички жанрови и одличен глас, ја потресе целата јавност. Присетете се на нејзините почетоци и погледнете го развојот на нејзината кариера.

Ејми Вајнхаус родена е на 14-ти септември 1983 година во Лондон.

Нажалост, по бројните проблеми со зависноста од дрога и алкохол, пронајдена е мртва на 23-ти јули во четири часот. Сеуште не се знае од што, но се претпоставува дека е поради предозираност.

На почетокот на својата кариера добила огромен број на обожаватели токму заради специфичниот глас и стил. Таа ги обожавала женските бендови од 60-те, па затоа и го имаше стилот кој беше специфичен за неа. Натапирана коса и јака шминка на очите. Многумина беа фасцинирани и од нејзините теоважи кои го покриваа целото нејзино тело.

Таа го обожавала џезот, а оваа музика и била наметната од нејзиниот постар брат. Се смета дека има дадено голем допринес на соул музиката. Освен тоа многу пејачки како што се Лили Ален, Лејди Гага, Дафи… изјавиле дека таа била нивната инспирација.

Многу пејачки и дале признание дека Ејми е најдобрата пејачка на естрадата.

Во 2003 година излезе нејзиниот прв албум “Frank” кој доживеа голем успех и многу позитивни критики од музичките критичари. Потоа го издаде албумот “Back To Black” за кој доби пет Греми награди.

Во 2007 година се омажила со Блеик, а после бројни кавги, тепања и расправии се разведоа во 2009 година.

Една од фотографиите на кои се гледа пијаната состојба на Ејми.

Нажалост, со текот на времето таа во јавноста стануваше се попозната како алкохоличарка која има тежок проблем и не успева да го реши на подолг рок.

Сепак фановите ќе ја паметат по тоа дека таа сакаше се што е ретро, по прекрасниот глас и песните кои ги остави зад себе.

Последниот настап го имала на концертот во Белград кога целата публика ја исвиркуваше бидејќи не успеа да отпее ниту една песна од почеток до крај. Веднаш по тоа нејзиниот менаџмент ја откажа турнејата и најаваи дека концертите ќе бидат одржани штом ќе се подобри нејзината состојба. Но, нажалост тоа никогаш не се случи.

На 23-ти јули полицијата и брзата помош го извадија нејзиното мртво тело од станот во Лондон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi