Полскиот дизајнер Robert Majkut создаде пијано за вистинските познавачи на музиката, но и дизајнот. Талентираниот дизајнер открил дека сонувал сон, каде имало пијано кое не личело на ниту едно до сега направено. Неколку недели тој се обидувал да му текне точната слика и форма од пијаното, тоа му било и главната инспирација за да почне да работи на дизајнот на истото. Whaletone е пијано кое личи на кит кој излегува од вода. Ројал Whaletone пијаното е опремено со четри канални засилувачи и звучници за да се добие што помоќен звук.