Пол-позиција за Ветел во Малезија

9 април, 20110
vettel-suzuka

Актуелниот светски шампион во Формула 1,Себастијан Ветел ја освој пол-позицијата пред неделната трка за Големата награда на Малезија, бидејќи на официалните квалификации имаше најдобро време 1:34.974. Покрај возачот на Ред Бул во првиот стартен ред ќе се најде пилотот на Мекларен, Луис Хамилтон, кој беше побавен за 134 илјадите делови од секундата. Во вториот стартен ред ќе бидат Марк Вебер (Ред Бул) и Џејсон Батон (МеКларен), а зад нив ќе стартуваат Фернандо Алонсо (Ферари), Ник Хајфелд (Рено), Фелипе Мада (Ферари), Витали Петров (Рено), Нико Розберг (Мерцедес), Камуи Кобајаши (Заубер)… Трката за големата награда на Малезија ќе се вози во недела на патеката Сепанг со почеток од 10:00 часот по средноевропско време.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *