Подземното шверцување на дрога се одвива низ тунели, а последниот кој го пронашле полицајците од Аризона бил опремен со светла, пумпи за вода и вентилација.
Инспекторите пронашле високо софистициран тунел за дрога кој го поврзува Мексико и Аризона. Поточно се протегал под границата меѓу овие две земји. Неговата должина изнесува 76 метри.
Тунелот бил поврзан со една напуштена зграда во Noglaes, Аризона и бил длабок 4,5 метри под земјата. “Тунелот е мнногу пософистициран од другите тунели кои се пронајдени во минатото“, изјавил еден од инспекторите.
“Тие ископале карпа, а потоа инсталирале струја, светло, вода и вентилација. Ова е одличен пример за колку се спремни шверцерите на дрога и што се нема да превземат само за да прошверцуваат дрога во нашата земја“, додале официјални лица. Најмалку осум тунели биле откриени помеѓу две локации во последните седум месеци“, обајви Ројтерс.