Полицијата во Хрватска уапси коњ
9 март, 20110

Откако неколку дена коњот сам шетал по улиците, полицијата го привела во станица и го пронашла сопстевникот. Граѓаните се обидувале да го фатат коњот, но не успеале ни со поставување на препреки, паркирајќи ги своите автомобили по патеката. Но, храбриот полицаец успеал да го заузда коњот и заедно со колешката да го приведат. Сопственикот изјавил дека коњот му побегнал, но уште не познато како стигнал до центарот на Загреб.