Во неколку предградија во Сиднеј властите воведуваат полициски час за мачки поради тоа што напаѓаат загрозени диви животни. Ноќниот провод за мачките е забранет, бидејќи ги убивале малите ноќни животни.
Сопствениците несмеат да ги пуштаат надвор своите домашни миленичиња од самрак до зори. Одлуката е донесена откако синот на заменик градоначалникот на Сиднеј спасил едно улично животно и неговите млади од една мачка.
Минатата година во Сиднеј се забележани 564 случаи на напади од мачки на овие ноќни животни.
“Мала работа е да се побра од луѓето да ги задржат мачките во домот, а тоа многу значи за заштита на дивите животни. Овие животни живееле тука пред нас, ние донесовме домашни животни и затоа сме ние одговорни за нивната контрола” , вели заменик градоначалникот.
Властите неможат стриктно да ја спроведат оваа забрана за ноќното излегување на мачките, но затоа ќе пуштат флаери со барање во текот на вечерта да ги држат своите домашни миленичиња во своите домови, да обрнат внимание на нив во текот на денот и да закачат ѕвончиња на нивните каивчиња.
Иако и кучињата ги напаѓаат овие диви животни, за нив не важи забраната, бидејќи како што кажува заменик градоначалникот, “кучињата не успеваат често да го фатат, бидејќи тиe не се качуваат по дрва”.